
Значи вака. Извини шо почека. Не ме нервирај не скокај не палардисви морат да ја крениме цената за паркинг во Охрид за летниов период. Немат друго чаре. Висината на цената е правопропорцијалнa со понудените услуги. Како ам. И то мислам дека 50 денари е малку за она шо ти го пружет оние шо ти го пружет то. Паркираш и те пречеквит маче во топлес. Ти тргвиш да излезиш та те враќат назад и од задно седиште те масират во вратчето.
Па кафе, па соленки, па седвит на совозачко и дур грицкаш ти, та се навалвит и……..грицкат. За то време идат машина и ти ја мијат колата, те бричит и ојт дома ти варосвит. На враќање врвит преку “Паб Даблин“ земат пивце, од “Долче Вита“ пастрмајлија и дур ти стегаш, дур она те стегат, те цедит како бубуљица опааааа кратка визита “Екошпар“ и опаааа пелетите спремни дури од сега за зимата. Зато не какај. Криво седи , ама молим те право право зборви. Издржано, паметно. Абре прво печи па после речи.
Еве ко новава влада. За многу кратко време најде у ком грму лежи зец. Еееејјјј да не сме ти знаеле дека еднао КА плус мојт да ти го заебит животот. Значи….ако си професоР земвиш 30 000 денари плата, ако си професорКА земвиш 25 000. А неее молимте не вреѓај. Така рекоа пред некој дена на телевизија, дека жените во многу работи биле обесправени и меѓу другото земвеле помалку плата од мажиштата.
И сега владата ќе се зафатела со средвење на ваква дискриминација на жените. И не само ова. Ами работела на две места и на работа и дома. На работа земвеле ептем ниска плата, а за работата дома ич. Па пороѓаји одела, па деца гледање, па шо уште не. И да. Да се средит. Морат. Морат да им се помогнит на дискриминираните наши мили мачни женички. Кај не дават дискриминиратите албанци нека не дупат и жените. А? Некако да им се олеснит животот и да им се дајт некаква сатисфакција за то шо се расчепатвеле, шо се чалеле.
Како прво одма да се пристапит кон процесот на наденвење на орден. Секој маж да си земит обврска на првиот роденден шо следвит, да си набавит соодветен орден и на прославата да им го наденит. Ова, а и другите предлози да си влезет во сите членој, алинеи и леи во новито закон „Закон за рехабилитација, сатисфакција и наденвење на жените“.
Така ами како. Но морат и нас мажите малку да ни се помогнит. Исто со закон. Чим дојт до изедначување на мажите и жените, да се донесит закон баш за то “Закон за изедначвење на жените и мажите“. Во посебен член , ова најмногу ме прајт дискриминиран, да стојт: “се збаранува употребата на “зборот“, маде, поточно во множина “мадиња“ и да се исфрли од македоонскиот речник за секаква употреба освен за медицински цели. Пр: за да народот се спротистави на политичарите и еднаш за секогаш да им кажат дека е доста шо не дупат во здрав мозок, потребно е да се имат “мадиња“. Зборот мадиња да се заменит со “едно маде и еден јајник“, така да би дошло “…..потребно е да се имат маде и јајник“….
Како ам. Чим се изедначвиме да се изедначиме во све.
И то овај закон морат да се гласат со 2/3 мнозинтсво з`ш баш јако ме инстересират ко ќе гласет да видам во парламентот кој имет мадиња, кој јајници.
ЏИМИ
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите
					



							




