Љубам секој ден да си прошетам низ бавча. Многу си ја сакам. Си имам све посадено: компирче, кромиче, празе, патлиџанче, македонче…Шо не. Ама македончево посебно ми прајт ќејф. Зелено е ама пустото….Си имам права македонска бавча. Изорана. Абре морат да  искористам ова шо сум во строг центар, позади општина, ова калојве, земјиштава дупкиве….си напрајв бавча. И редовно ја гнојам. А пак за то ич не е проблем з’ш кај нас гнојој колку да сакаш. А и да немат гнојој од шахтана шибет гомца колку сакаш пред зграда.

А сега да виш како ми е погодено. Стале Попов ни ја асфалтира улицава и сега  цела вода се собират пред зграда и течит кун бавчулено и не го вадам, не трошам вода. Само ко ќе сакам да си соберам нешто, го земам кајчено, низ бавча, собери и назад укотви го пред улазон.

….„ Еве тетка Ружо бавчава малку…”. Бре ова, па, па, па  колку ја имат нејзинана забаталено. Забагастрена и е цела. Со трња. Јас незнам како мојт така. Мојава пак убајна. Многу си ја љубам. Ама денес не ми е до нејзе. Ме секират ова бре со имево наше. Не сум за менвење да му се посерам. Абре името све  кажвит за тој шо го носит и карактер и вака…..све бре!! Се насекирав. Денес наместо в бавча….. „ Добар ден чичко Трпе. Еве малку да се прошетам. Како е тетка Добринка? Уште со витлерине в гла на кино……?” Не ме слушна. Незнајт кутриот кај да бегат од Добринка ваперон. Незнам как ја трпит? Брее лошотија та жена.

Не е бре убо име да се менвит. Тука ми е умот. Дури и обратно е. Ко ќе видиш некој, одма ти идат некако да го викниш на име. Со појавата ко да ти асоцират да го….„ Ооооо, чичко Неделко, денес на риби а? “. „ Не пиле на риби, ко риби да онемат, на работа пиле, дежурен сум и денес. Да дајт господ……”. Море шо касмет ќе беше овај чоеков, го раскинаа пусти Неделко. Секоја сабота е дежурен. Неделко.

Или пак замисли: сто години да те викат некој некако и да се најт некој фраер и да речит од денес……„ Шо вака замислен, бре алооо..”. „ Ништо посебно Боске, онака си…”. Босилка е ова. Генерација ми е. Е за ова моме колку ми е жал појма немаш. Кутрото немажено остана. Имала мали цицки!? Пуста Боска. Абе страшна работа. Жениве не се мажет за молзење туку за….

Не ме бендисвит работава, се отрув од цигари. „ Тетка Велика, дај една кутија….”. Абре лом е ова жена. Ко кепец е. За да те пулит од трафикана седит на мотика. Еднуш се срамив со нејзе. Се разминвиме и и велам: „Тетка Велика испрај се не оди на колејнци”.„Испраена су само….”. Тук муабетов за имево наше. Ако некој…„ Како е тетка Весела. Како си? Шо ми си вака ко посрана, нерасположена, ко…..”. „ Како да сум бре душо, по цел ден по болници сум. Ми идет…..”. Абре стварно гла не крена женава. Мажје Здравко од ко го знам болен е, по болници, по геријатри……Господ од лошо да те чуват.

Значи вака. Не е мала работа на кого како ќе му прднит така да те викат. И лошо после ко ќе викнет како шо си се викал ти ќе се штрецаш ко јас од некрологон на тетка Живка. Умре пустана некни. Од секирација. А колку надеж имаше во децана нејзини. Ама ете ќерка и Лепа си го изгоре лицено со лет лампа, водоинсталатер беше. А Сретен  пак, синје, доби кола на бинго и ко се враќаше од Скопје, на една кривина некој зајак се помочал, овај изгуби контрола, се изврти и се истумба. Во тумбањето ти излетал од шофершајбна, летал едно печес метра, две три салта и данк на вила во ливадата…..Наместо. То ти е бре. Чоек без среќа.

А убо му викаше тетка Баксузинка, да не ојт во вторникот, тук после два дена, з,ш брачед му Петко само четврток имат линија со автобусон за… Ама ете чоекот беше прерадвен и…А пак татко му на Сретена, чичко Ангел, в затвор шо е сега за неколку тепачки и убиство, сета надеж му беше во него и во помалион Виктор. Го знајш Виктора, онај шо изгуби све в казино. Мада тој не беше крив. Од сабајле ја бркаше Зора и дури вечерта ја фати и….

Да ти кажам се опуштив малку со шетањево. Ми летна умов вака на некој други работи и ко да подзаборајв на проблемиве со имево. Ар чоек мојт да се шашардисат ак се секират премногу. Незнам дал да поминам од кај Најденко не оти мојш со него муабет да прајш. Ко изгубен е целион з,ш.. „ Кажи “. …„Шо да кажам јас. Ти ѕвониш ко секош. Алоооо..Ѕвонко ти сиииии…”. „ Јас сум. Идај одма. Влегоја дечиштава во бавчава и лом ти ја напраја. Све изгазија. “ „ Кој бре?” „ Овие нашиве од малава, хонштаплериве. Владче, Љубчо, Бране, Николче, онај од онега и овај. И све кашкањца напраја, патлиџаните, компирите, празето….”. „….Абре посери му се и на патлиџани и на ком….Аман кажви преживеа македончето, за него ми е. То ми е некако ко најнежно…….”. „..Аха преживеа, колку шо преживеа Огне тогаш во пожарот. Ај другото, туку нему мајката му плакаја, на македончето, парче го напраја, го искорнаја, корен не остана од него. Идај побргу.” Шо да идам шо да се транчам. Ама не се тие криви. Не се хонштаплери, деца се. Толку им е акалот. А можеа пустите наместо да го искорнат, по флексибилни, по конструктивни да бидат со македончето, бар тро корен да остаеа од него. Вака ми ојде јабана. За џабе. Македончето. Аха.

ЏИМИ
[email protected]