А убо Аце праша: “ Што ќе направите оваа година за награда ако мината година легнавте“. Ама пусто не било до легвење. За да се земит награда. Ваљда  не е од кај знам. Ни сум легвел ни планирам да легвам за награда. Зашо се гледа дека не е до легвењето. Џанам некогаш палит, ( пак ваљда ) ама некогаш не. З,ш легвењето не е за на сцена!!! За друго место е: за на доктор, за спиење, за сунчање, за на….и за други некој работи. Ама за награда јок. За награда требит песна. Не каква била. Уба песна. Е ако та ти е уба, тогаш мојш и да легвиш,  а мојш и со стоење. Да пејш. Како ти е поубо така.

И не само со легвење. Ами и со брбање немат награда. Да брбање. Брбање, дрндање, штракање….зависи од жаргонот. Пример мене некако прав израз за ова мие “тресење зелени“. Убо ми звучит : тресење зелени. А? Кажи. А тресење зелени сретвам на многу места. Еве сега пред некој ден читам во еден весник : “Им ја продадовме душата на србите“.  Навидум ништо. Изјава ко изјава. Немат тресење зелени. Но ова изјава ја даде личност која пред неколку години снимаше српски песни за “ГОЛД“ продукција и тогаш рече да „крече на поход на српску публику“. Е сега веке е тресење зелени. Многу зелени. А моето не е, зашо еве на читај, ако коза лажит Вечер од 12.09 2007 бр. 13 598 не лажит ами викат: “Благица Павловска го снима второто ЦД за српската продукција “Голд”. Пред две години таа издаде албум за оваа српска продукција, а се вртеше и на сателитската телевизија Пинк.“

А пред ова: Вест бр.1664 01.12 2006 “Фолк дамата Благица Павловска во последно време блеска. Причина за нејзината среќа е новото цеде кое неодамна излезе за познатата продукција “Голд”…. На албумот, во кој се сместени 14 песни Благица направи пет на српски јазик, а останатите……“  Незнам што да речам. Тресење зелени…ваљда.

А и јас сум чурук чоек. Шо ми текна и мене па да копам по ова веснициве. Види шо најдов во Вест  од 10.20 2005 : “ …. во популарната емисија “А што не би могло” на сателитскиот канал “Пинк…. Имавме супер прием. Ја пеев “Цело Врање” место “Цело Скопје”, зашто оваа песна ја имам препеано на српски, голем хит е таму, но малкумина знаат кој ја пее…“. Ииии …јеботе бог…на српски…наместо “Цело Скопје” – “Цело Врање“ и ке речам ваљда сви су пошандрцали од стрече, продавајучи душу.

Како и да е сепак и тој шо треси зелени за некој друг дека ја продал душата ја продават и тој. Ама пази некој легвит за победа, некој ја продават душата за победа арно ама и за пари ( вест бр.2396 06.11 2008) :“Фолк пејачката Благица Павловска се разголе пред многубројните гости и направи невиден штимунг на свадбата на Верче Пандиловска, во саботата во ресторанот “Ореов лад”…. Откако се соблекла, атмосферата се вжештила, а гостите почнале да ја редат со пари меѓу градите. Евра и илјадарки се претурале во секси деколтето на Благица. Некои од гостите коментирале дека собрала повеќе пари од невестата…..“  – а сугурно Блаџето не се расположи толку з.ш Верче и е внука од брат ами за….појма неам з.ш.

Некој овде тресит зелени: Кој …незнам. Благица не. Сигурен сум. Зашо нејзе не и е до награда. Жими неа. ( Вечер бр.13 804 19.05 2008 ):“ Ваквиот распоред на наградите всушност и беше причина навидум мирната ситуација зад сцената да се вжешти. Благица Павловска, незадоволна од својот конечен пласман, побара правда кај жирито. За среќа, инцидентот се сведе само на вербална расправија по која Павловска налутена си замина и…“

Ете виде?!? Ако коза лаже….Благето не лаже ( Вечер бр. 13 792) 05.05 2008 :“Со песната “Раѓај Македонијо уште синови” на авторите Горан Тодоровски – музика, Борче Нечовски – текст и Дамир Имери – аражман, ќе се обиде да однесе некоја од наградите. ” Никогаш не се туркам да добијам награда, секогаш сакам тоа да си оди регуларно и си седам на страна. Песната е родољубива и е поврзана со поимот мајка, правена е малку покомерцијална и на сите ќе им се допадне. Ако не се закити со некое признание, не настапувам повеќе на Фестивалот”…“  

Еве доказ. А? Какви награди. На кого му си битни. Најмалку на Благица. И кој тресе зелени овде?!? Благица не! То ми е јасно. Само едно не ми е јасно.  Зашо Ацо и рече така??????А?

Наумче Новески – ЏИМИ
[email protected]
(авторот тресит зелени )

Ставовите изнесени во оваа рубрика се ставови на авторите и редакцијата на ohridnews.com не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата.