Остај. Прекини. Друг ќе продолжит да вртит со сајлата во шахтата. Викни го Перета нека продолжит и нека ја вртит сајлата една недела ак требит. Алооо…..јас реков една недела. З`ш овде се запечени, а и многу гомна имат кај нас и не е лесно да се исчистат. Е така де. А наместо тебе прати го Атанас да внимават на македонсково небо да не летет руски авиони. Баш така. Мораме да имаме контрола на све и да ги напикаме русите в ќорсокак. Ни е не сме задња рупа на свиралу, брадајца на петици, кормушка в нос, нити пак гурелка в очи. Ние сме членка на НАТО. И ако ние не се вклучиме брбушки ќе јајт НАТО. Е така. Знајш дека ние сме бетер организирани од бразилски јавни куќи. Како Македонци.

А ти фаќај го точакот и земај го Сержо и носи го во Свирипичино на кушање. Абре Баздникин, рускиот амбасадор. Па не спијал чоекот, скокал од перница во спијање и се мочал в г`шчи. Па го шашардисавме, го уплашивме, го посравме. Море чоекот имал ноќни мори. Пискал, се подмочвел. З`ш друго немат.

Прво Мицко му се фрли, го опули очакарен в очи и му кажа јасно и гнасно дека ја подржвит Украина. Не знам за Сергеј, ама јас да бев на негово место вака да ми се жакнеше волку влијателен политичар искрено да ти кажам во секундот ќе се бајалдисав в гашчи. Ќе се подвлажнев, ќе се тотољасав како како бебе после антибиотик.

Башка то нашето МНР го викна, ко изриба, а министерот Бујат Османи…..не не …не е грешка. Не е појќе само Бујар. Го искара. Му вусти протесна нота з`ш се дрзна една Русија да не клајт на листата на непријателски земји. Абре страшна работа. Путин не знајт со кого се закачи. Да не должиме, јавај точкот оди по Сержо и биди во контакт со Атанаса да пазит. А виде руски авион, тегналото и нека го соборит.

А кај најде сега Мицко да не раскарат со русиве. Та тој та владава на НСРСМ со воведвење на драконскиве мерки кои ќе ја уништат Русија. З`ш таман пак добивме датум. Додуша ако добиеме уште некој датум ќе напрајме цел календар. Нејсе не скокај Не добивме датум за кога ќе се втикачиме во ЕУ туку датум, за кога да добиеме датум, за да разговарет со нас кога би ни дале датум за да не бричет, лажет и дупат, па ак се оргазмички распложени ќе ни дает датум да се видиме за да ни кажат кога ќе добием датум за пристап. Мада не сум сигурен дал све ова е за пристап во ЕУ или за (на)стап.

Е сега ме колкет две работи. Првата….го избркавме Хорхета од твистер на НСРСМ, ама тој ко беше бевме НСРМ, а милам дека тој ќе беше клучен како медијатор помеѓу Зеленски и Путин. Ќе им предложеше разумен компромис за решавање на военава криза. Тие ќе мораа да прогласат мораториум на гранатирање едно два три месеци з`ш ќе им остаеше сами да откријат шо значит то. Во меѓу време ќе паднеше моралот и кај едните и кај другите војници за тепање. Шо значит енде војна.

И на крај пред да тргниш со точакот за Серѓо да го носиш на кушање ова да ти кажам. Ме бендиса одлуката на Владата на нашава држава, членка на НАТО, пред испред уште малку членка за преговори за преговарање за пред врата на ЕУ која велит дека морат да се се скратет буџестките пари за трошење при службени ручеци.

Според владата се забранвит да се јадит око од октопод, лев батак од муфлон, ребро од афрички јак, сплескани тестиси од пингвин… Све ќе се сведит на јадење на обични оброци како бифтеци, лосос, октопод, шкампи, само кило кавијар за чоек, максимум 4 јастози за чоек.

И најбитното. На службени патување немат носење појќе швалерки. Јок. Ак ти се сексат имаш вибер, скајп, зум и пичи брате на виртуелен секс. Ам како. Браво за владата на НСРСМ за меркиве. Шо рече за бензинот и струјата? Извини не те слушам з`ш зборвиш од на точак, ваљда дуват ветар. Сите зборој ти ојдоа по ветришта.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите