Она што рутински беше соопштено користејќи медиумска експлоатација, а мене ме наведе на размисла е поздравувањето на одлуката на владата странци да можат да купуваат недвижности. При тоа еуфорично ни беше соопштено нам неохриѓаните и нескопјаните дека ние не, но вие ќе имате итоа колкава корист од истото. Колумните се впрочем искажување на личен став значи ова е мое видување на нештата ( а во последните се трудам да не бидат долги односно и покрај можноста надолго и нашироко да се пишува се надевам дека ќе успеам in medias res да ги изложам моите ставови.)

Ние кои предолго се надеваме дека ќе се разбудиме во подобро утре, измачени од транзицијата која уште трае сме ги исполниле сите услови потребни за глобализација. Која значи колонизација,експлоатација, декултурализација. А луѓето имаат идентитет  и земјите имаат но сепак сметам градовите најмногу, зошто тие се мозаикот на земјата. Колку што пратам Охрид не располага со државното земјиште односно   приватниот посед и општинските куќи се она што може да  ви остане  а за државното ? – па тоа и онака им припаѓа на други. Но вие сакате и личното да не е сопствено и вашето да не е ваше да го претворите колку е можно побрзо во скап автомобил на кој цената му паѓа следниот ден откако ќе го купите. Да го снема дедовото, татковото зошто сме деца на 21 век не мајкини или бабини. Од нас ќе се родат деца кои во својата меморија ќе имаат нови згради,куќи, хотели , крајбрежје..

А кој на ништо не се сеќава нему може се да му се одземе.

Она што прво само формално потоа многу брзо ќе се изедначи со суштинското  е дека ќе бидете домашни полтрони на странски господари. Е ајде сега малку нив да ги анализираме.Што мислите дека тоа ќе се видни од таму а не којзнае кои од каде? Кој маж ќе го провери потеклото на капиталот кој ќе го вложат? Кој од мајка роден ќе го заштити уникатниот изглед на старите градби.? Или мислите за нивни пари ќе исполнуваат ваши желби? Тоа ќе се драги
мои сомнителни бизнисмени од Албанија ,Бугарија, Косово понекој тајкун од Србија или Црна Гора кои ќе ги купат првите редови зошто тешко дека ќе вложат за ваша а не нивна сметка или мислите ќе го развиваат селото.?Можеби некои други кои прво ќе го купат погледот на езерото а потоа водата.Што е најтрагично ќе изградат грдби кои ќе покажуваат надмоќ а не естетика ,квазистил наместо патина.Сите ние требаше и до сега да се спротиставуваме на локалните обиди за деградација на идентитетот на архитектурата зарем треба уште ова?.Можеби со темни очила гледам ? .Но не за да се скријам од сонцето туку за да ги заштитам очите. Знајно е дека кој продава губи кој купува добива. Охрид е прекрасен.на светот не му треба нов Монте Карло ,Ибица ,Форт Лодердејл Уникатното е она што  привлекува .Сочувајте го . Бидете свои на своето.

Не е исто да се продава прекрасно вино и да се продаде лозјето кое го создало тоа вино. На странците треба да им ги продавате убавините на Охрид а не Охрид, зарем една стружанка да ве учи на тоа?

Ирена Чакареска.М
[email protected]