
Ќе најдам ли зборови за да ви се заблагодарам?Да ви признам дека згрешив што за син ми одбрав веронаука не размислувајќи дека со тоа го затапувам не оставајќи тој сам да направи избор (секако кога ќе порасне), а не јас да му наметнувам!!!Колку глупаво од моја страна.Само да не ми избега мислата, да ве прашам дали да му давам да јаде? Бидејќи јас му давам она што сметам дека е корисно но некако според вас подобро да го оставам да гладува и сам да одлучи што, колку и како ќе јаде (по 18 год)? Што да облекува? Можеби грешам што внимавам да не настине? Сам нека одлучи до колку ќе излегува навечер и со кого?Која сум јас во животот на моето дете?
Па вие драги мои да не постоевте требаше да ве измислиме!
Сега сериозно!
Не сакав да верувам дека ваша цел е да го разнебитите семејството и дрско да си земате за право вие да одлучувате за моето дете… Како либерали про форма заборавате дека ја загрозувате мојата слобода која не сте ми ја дале(извлечете заклучок)
Па ај после ни се смилувавте може веронаука но не во училиштата. Кој ве плаши вашиот или туѓиот избор?Просто е неверојатно како вие големите интелектуалци кои со науката сте на ти досега не сте увиделе дека човекот е неделива целина. Јас на училиште не го праќам само телото на мојот син со него е и здивот Божји.Тргнете ги од литературата (ај да не одиме подалеку туку од европската книжевност) зборовите како Бог, Црква, вера, борбата меѓу доброто и злото од музиката духовните композиции од сликарството делата со божествена тематика . Ќе ви останат ли вредности за учење?.Не заборавајте дека еден од главните предмети сведочи за бесконечноста. Математиката секако.(Уверете се.Кажете го најголемиот број кој го знаете. Кој и да е секогаш постои тој број и еден и два….бесконечно). Разбирам дека ве фати паника но смислете ги изјавите . Непромислените ви се на штета.
Цитирам:
“Имаме раздвојување на самите ученици уште на 10-годишна возраст, согласно нивната вера, значи определбата којашто ја направиле нивните родители, бидејќи сигурно нема случај, да речеме, дете од муслиманска вероисповед да се определи да изучува предмет за православната вера. Таков случај немаме“, вели Селма Бегова, правен застапник на Хелсиншки комитет.

Со гореспменатите ако сакате да бидете на иста страна само решете се за датум и ќе ви дојдат за подршка.Сеедно дали ќе се одлучите да протестирате за абортус, за легализација на проституцијата(каде од божемна грижа за жените било подобро истите да бидат евидентирани и два пати месечно да одат на лекарски преглед. Но не кажуваат дали ќе ги прегледуваат и клиентите зошто кој гарантира дека тие не се носители на некаква болест. Или што од еден до друг преглед?)за легализација на хомосексуални бракови, за посвојување на деца кај истополни родители за се ова ќе добиете бескомпромисна подршка но за веронаука не стопати Не !Не! Не.
Јосиф Бродски има исклучителна изрека која вели
“Неверието е слепило но почесто подлост.”









