Спуштај ролетни, реди кафе, викни физиотерапевт и јави се кај матичната, среди ми за една недела боледување. Не бре како од Стамбол. Од бараки до дома возев. Е па как да не се умориш. Ја реновирет Јане Сандански. И фала копулативном органу, машком, шо се добро организирани иначе ќе земев три недели боледување.

Е па како да дојдам. Од бараки до кружноно, па лево према Рамне, Долно Дупени, Стење, влегвиш во Албанија преку Пустец, се враќаш кај Љубаништа, десно Радожда, па лево преку Градиште, Колари, Трапчин Дол, Извор, Кичево и излегвиш пак на Јане Сандански пред минимаркет и пичи дома. Дур речиш оториниларингологија од Бараки до Центар стигвиш. Нецели 3 километри за само три дена.

Мада душичево ми е бавча. Ќе го средет Јане, Гули…не чек Питу, Карев….чек бе како беше….ај ќе му се јавам на Пандов, мозокон, тој ќе ми кажит. Имам слика ќе му ја покажам и Пандов ќе го трефнит кој е. А види. Пандов ќе ги препознајт. Муабетов ми беше, за вакви улици кај шо ни пропрдвет ни примирисвет поисплатливо е да им купиш кајчина и чизми до појас преку говна и дупки да си одет дома отколку да ги реновираш. Како ам. Организација паметна бре.

Нека влезит речи ѝ и дур ме масират да ти кажам. Организација е најбитна ствар во реализација. А ојме кун то да сме организирани бетер од Јапанска железница. Како ам. Малку во ова мака од возење ме опуштат то шо се активира полицијата со точаците. Здраво, папа, бај бај, на организираниот криминал во НСРСМ. Све средивме и само се прашвев кога ќе дојт моментот да се воведит точколиција во редовите на МВР.

Е ова да се воведеше од отцепвењето на држава од СФРЈ стап ќе јадеја сите доброчинители на државава од покојни Кљусета до бате Мијалков преку Зоне маџаркана. Како ам. Абе со точак мојш сегде да влезиш. Бензин не трибит. Само се надевам дека имет набавено 100 тона лепенки з`ш таков е теренот во државичево. Само трња и срчи. А да и пумпи. Ако се истушат да акниш лепенка и да пумпаш. А пумпачи во државиштево наше колку сакаш. Тие народецов го пумпет не пак за една гума. Две, три, 10, 175, 1200…

Е зато ја викет НСРСМ организирана држава. Види….тиквар. Немат врска со организиран криминал. Туку со добра организција. Бликаме и „сваким даном у сваком погледу све више пичиме вуспич“, прав прав пругоре кун ЕУ. Глеј и со вакциниве како ојт. По ред како шо требит да е. Се вкацинирет прво починатите, па со Астрана оние над 70 години, па со Астрана оние под 68, па со истата измеѓу 64 и 63 до 67 и пол години, за да на крајот преку филтер се најдит НЗС и се одлучит дека со Астра Зенека можат да се вакцинирет само оние кои наполниле 82 години, ама не надминале 82 и пол. И то пази…во присуство на двата родители да потпишат согласност за синчето. И со таква организација кај да е кај да е ќе и се прдниме на коронава најмногу за 5 и пол години.

Е ако вака беа организирани родителиве немаа да јадет трици за Мила Цароска за е-учебниците. Туку јадат трици дека ем децата не ќе се социјализирале ем ова она. Најмногу ме изнервира ко рекоа дека на 2-3 години ќе морале да менвет компјутери, а тие ради ова биле све поскапи поскапи. Ами сестро како мајка не кукај. Не плачи. Организирај се мајко македонска. Како ам. Јас како машко да ти кажваам? Страшна работа.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите