Абре да. Одам на зимовање во Скопје и то во центар на метропола Лисиче. Или во Аеродром. Е да. Некош беше така. Ај сега да те видам топори се со ПМ честички ова она. Е немат, немат ам како. Ни смог, ни чадење, ни превртени врапчиња по терасине. Имат да дишам свеж воздух санќим сум во Гармиш-Партенкирхен. Бичим среде Баварија. Полни гради бате беспари. Како ам.

И то све то благодарение на Владатата на НСРС. Ам ко ќе влечиш паметни потези неминовно е да имаш успех и сваког дана и сваком погледи да напреџујеш, да не речам да срљаш во прогрес. Прво се напрај таков потег шо ни на Ајштајн немојт да му текнит за два животи. Се фукнаа пари во субвениции за инвертери. Македончето р`сна во процес на отепвење да се купит клима или чаре. Па се крена цената на струјата, дури и ја немат, до тавана и аш клими. Мада со ваков потег на надлежните се излечија хемороидите во државава. Кој купи клима сега нека си ја втерат в гас.

Па после то снема дрва или ако ги имат цената на кубикот е санќим 100 кила паладиум купвиш. Аш греење на дрва, аш загадување. Целта е постигната. Мада мислам дека најпрепоептем скроз паметен потег се повлече со повлеквење на рачката. Та пуста рачка шо ти прајт. Немат појќе кеси и најлончиња со рачки. Ако немат рачка, имат биоразградливост, немат загадување. Пуста рачка шо ти прајт. Е сега нас македончивања малку то не поремети во психичка смисла з`ш врт заврт ние сме учни да се фатиме за рачката.

Но, за прогрес на оазава на кислород не е само то кључно. Покрај шо кислородно станвиме независни и ќе изиграме кључна улога за намалвење на трансмисијата на CO2 во светот, ние веќе станвиме и воена светска велесила. Можда појќе пересила ама…

Бар така рече Славјанка. Од ко и праќаме на Украина воена помош се разлутија пулените на Зеленски и саде мавет контри на русите. Значи, како шо рече таа, продолжвиме да даваме подршка за територијалниот суверенитет и интегритет на Украина со воена помош. И така требит да е. З`ш ние кај нас се суверенитосавме и сега з`ш да не помогниме на друг шо имат мака.

И не е нескромно ак се кажит дека за последните успеси на украинците на воено поле, кључна улога изиграа сите тегнала со пацки шо им ги пративме, како и големиот контингент на шила за пикадо. Не помалку важни беа и македонските разорни спрејој за очи пристигнати во Украина, како и наколкуте стрели. Е сега нашиот пола тенк шо им го дадовме видовме на видео дека изгоре со си словенските ама тешко русите ак им го пратиме черешовоно топче. За 13 дена ќе завршит војнана. Мада то не го праќаме зарди Женевцкана конвекција со која се забранвит нуклеарно оружје. Па засега пацките нека изигрет кључна улога. Како и рачката.

Им ветивме им помогвиме. Абре ние сме нароод брееејј….Од збор. Ние не се промрквиме. А то го учиме од нашите партиски лидери. Еве земи го за пример Мицалета. Абре јасно и гласно кажа. Рече и никош не порече….Устав промена НЕ. Мада прво да му се дајт гаранција па после то…рачка!

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.