
А тебе шо не ти беше јасно? Е како? Како мојше да не го разбериш баче Риста Буле ко чоеков си образложи многу убо во својата изјава, јасно концизно и недвосмислено. Ар не палардсви јас ќе ти објаснам, 116 пати ја слушнав изјавата за паркинзите, само молим те сконцентрирај за да не ме прашвиш нон стоп.
Значи според анјштајнов следвит вака: Ние до сега зона А и Б , а не како сега тоагаш зона Ц. Зато ние поевтинивме на Ц аку ја немат Ц, ама можевме и зона Д, ама не. Зато ние во зона А и поефтино, з`ш Северна Кореја Бомба не. А Јане Сандаски А со, Трамп зона Б, аааааа тогаш да, поефтино со не. И кога за зона А, ако е дневна влошка, значи Б зона е, а зона Ц не. Е сега го прекинаја во изјавата и не се доискажа му фалеше уште да речит: паркинго масовно паркинго на сите на цел град.
И сега жити леб шо не е јасно? Значи ако ти се наплаќат паркинг и в клозет мојш да имаш паркинг, а ти е поефтино зш плаќаш ама то не плаќање зш ти е поевтино ама не е . Е да му се прднам вака рече советникот Ристе јасно гласно недвосмислено и таман. Санќим Цицерон даде изјава. Луѓе…шо појќе вакви во раководни структури и не Северна……ами ќе станиме ЗВОЌМ илити Зад Вратата Од Ќенефот Македонија.
А неееее. Тука си грешка. Ќе ти објаснам зш. И овде ко кај паркинго на виделина излегвит масовноста. А шо помасовен си поголема можност имаш да тргниш во напад. Е зато не си во право за то во Грција. Виде напад за одбрана на името ? Виде масовност за да не го дајме името? Абре Господ златен секој викенд да ни е и продолжен и издолжен и секој викенд да ги нападниме Грциштата.
Зш види, ко ќе ојме по плоштади за одбрана на името, не дека не сме масовни, се собираме негде двајспечес патриоти. А ова брате е друго. Јуриш 50-60 000 патриоти на напад кон Грција и изненадити непријатеља и напасти га сплеште. Како ам. И удри по нив со шо мојш да стигниш, абре со све шо имаш во тебе: со еври, со долари, јени, леки, ирански динари, наши денари. Како ам све шо да им фрлиме им влијат. Тие зш целите се напраени уше и сконцентрирани се да слушет, а не да гледет, и ние подмукло дур не гледет фрлај то парите под шанк, зад шанк, мавај бакшиши….абре ќе ги сотриме.
А за да им ја испејме “Едно имаме“ ќе почекет малку. И колку појќе чекет не гледет толку побргу ние ќе ги сотриме со еврите. Корен немат да им остај ме.
Тук станви облекви се понеделник е, се вратија патриотиве од Грција ама гарант сношчи многу касно легнаја и можда не может да станет та јас и ти да ојме да протестираме пред некој институција…..ар која било….ак сакаш и пред млекара. Санќим 30 години не слушат некој. Станви ајде да сме ние двајца масовни.
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите












