Не бе. Не му вервев на Ташко. Ама ко видов на телевизија лелееее ми се наткрена. Море Данела мавање, клоцање, боксој фрчеа ко ракети на Газа. Прво на онај од ОВК шо зборвеше на телефон му плака мајката. Прво му мана аперкат па џиу џицу па ко го УЧуКа в нос реки крвој прскаа. Првиот полицаец со салто и маја гери в муцка, вториот со колук назат и тања гери.

На третиот го го фати за рака па ко партал го вртеше круг, два, три……..го зафучали до Бит пазар го летна. Ко гулаб превртач. Е на четвртиот и петиот полицаец не видов шо им напрај, а имаше уште неколку шо избегаа з`ш имаше десетици полицајци, ко шо барат законот, за обезбедување на овај од ОВК шо праеше дивоградба.

Зато немаше причина да не му вервам на министерот Ташкоски з`ш со свој очи видов. Како да не му вервам дека Данела имаше само едно мало црвенило на ноџето и то или од то ко го акна на еден од полицајците в заби или пак сношти ја имат каснато ајпутка или комарец. Пак после жали се. Дури му повервам, јас не знам шо ми е, на премиерот ко рече дека можно е све да е наместено во корист на Данела.

Исто му давам поддршка за изјавата ко кажа дека една од причините за појава на шумски пожари е немањето стока во планинските предели. Според него немат кој да пасит. И така е. Да тргниш сега в планина низ шума да ти се при тотолит немат кој г`с папир да ти подајт. Нити лист од папрат или било шо прилагодно за бришење.

А види шо ти е природа и миграција. Горе, в планина, немојш да најш ни една единствена единка на стока, а в град сврти се, кај да мрдниш, кај да прдниш полно е со стока. Требело не требело ги напикавме сегде по службине, во канцеларии со три бироа по седум ги сместивме. Ако не појќе ама на секој втор шалтер имат по една. Ех како ги познаваш. Или со пенкало ги чистит ушите или го копат носот и под биро лепит кормушка или едноставно во комуникацијата со тебе.

Мада ова стока и така и така. Туку имаме многу по директорски фотељи, министерски канцеларии. И зато ќе имаме горе в планина шумски пожари, а овде имаме нервни пожари или пожар кој е најопасен нарешен пожар од сиромаштија. Само во едно не се сложвам. Шумскиот пожар не е позаебан отколку овај другиов. Како и да е или дожд или пак во ноември ќе го снемат. А овај другиов…..

Како да е само без нервози. Смирено. Шо беше то денојве нервози во Охрид по улицине тие два дена. Се однесвевме ко стока (извини стоко). Свири пцуј, дери се карај се. Дај бе луѓе па ни беше дојдена институцијата Председателка на државава ви се молам. Друго имајте во обзир женичката е во години, па по нешто мојт да се заборајт и да се збунит.

Ете ко трбеше да тргнет сите ја чекаја на паркинг, а та си слушаше разни диџеи. Ко тргнаа му рече вози на кај Св.Наум. Пред да стигнат: “ аааа да на Охридско лето сум“…ајде назад, па на пол пат:“ ауууу го заборајв говорот“. Па пак кун Св.Наум, кај Градиште назад и некако се стигна до Горна порта кај шо се задржаа пола сат на рампа во расправање со Велета да си платит или чаре.

Ам море и ние ќе сме такви. Можда и полоши. Можда ќе станиме и стока. Ама не она шо е в град. Од она шо ќе спасвит пожари з`ш цел живот пасиме. И зато ме чудит Мицко шо…..

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите