
Стварно чудна работа. Често сум ја слушал реченицата во која се вели дека најчесто ја обвинуваме “Судбината” за нашите несреќи и проблеми, а не изборот кој го правиме. Знаејќи го ова, се прашувам каков избор има еден мој пријател, Никола, кога судбината си поиграла со неговиот живот и со неговата иднина.
Никола по професија е таксист ( не по негова волја). Вози минимум по 10 часа во денот со цел да им обезбеди, горе-долу, подобар живот на неговата жена и на неговите 2 деца. Пред се, на неговата жена. Поголема глупача од неа, во животов не сум видел. Ај децата, мали се и не разбираат, ама таа !?
Пред некоја вечер, се најдов случајно со Никола. Тој си одеше дома, целиот попарен. Никогаш не го имав видено таков. Го прашувам да ми каже што му се случило, а тој блед, како дух да има видено, никако да ми одговори. Ај некако го убедив да ми каже што му е, и почна да ми раскажува.

Кога влегов јас во колата, Никола се враќаше од болницата и си одеше кај него дома. Ме однесе мене дома и цела вечер не можев да заспијам. Мислев на тоа, што ќе направи кога ќе си оди дома. Дали ќе реагира како типичен Балканец кој ја тепа својата жена и на крај ако му пукне филмот, ќе ја убие или пак, само ќе се расправаат и неговата жена ќе се однесува како либерална американка и ќе му земе се, со помош на адвокати и судови ?
Кутар Никола, не знам како да му помогнам. Го барам на мобилен ама недостапен е. Се јавувам во такси компанијата во која тој работи и од таму ми велат дека и тие го бараат за да разберат зошто тој не доаѓа повеќе на работа и зошто престанал да вози. Што би можел тој да прави ? Можеби од срам молчи, или заминал некаде ? Ама каде ќе оди ? Беше дојден како домазет, а предходно живееше со неговите двајца возрасни браќа, плус неговите родители во еден трособен стан.
Уште никако не можам да ја разберам таа судбина и цело време се прашувам околу неговиот избор. Дали воопшто го имал изборот? Дали сево ова е баланс на кармата, а Никола е колатерална штета на тие поместувања? Чија судбина е најповолна заради неговиот таксират ?
Само да сме свесни за сите работи што се случуваат околу нас, сигурно многу ќе ни биде полесен животот од тоа што е ама дури не се изгореме и не направиме некоја грешка некаде, тешко да отвориме очи !
Илија Пиперкоски
авторот е режисер









