Оооо љубави добро дојде. Ајде љубави влегви. Како ми си љубави? Ајде едвај те чекав да побрбаме. Виде? Виде како средвит државичкава само ако се сакат? А? То брееее убо им прает. Конечно да се зафатиме со најкриминалните дејанија во држвава. Конечни да им се нафрлиме вгуша на бескруполозните окорели криминалци кој не кочат во нашиот европедски просперитет.

Аааа немат мрдање појќе. Да се сотрат сите. Една баба да не останит над 80 години шо прает вакви далавери. Ќе ми оделе тие на пазар? Ќе ми продавале без декларација и со сомнително потекло разни супстанци? А бре иди бегај таму. Зела една цели две туфчиња чај пак напучена на 40 степени го продават, а камо ти пиле декларација? Стап декларација. Е јок декларација? Данк казна и ела пак да те видам.

Ова пак другава до неа цела кофа со замисли алоооооо замислиииии 5 кила сливи? И ај да те видам без декларација и испитано потекло дознај дал се магарешки, дал коњски, дал отровни. Или ја гледам една едвај ојт, пензија не идавет, а се натртила на пазарот со домашни јајца. И нормално како шо барат постапката инспекторот ја клоцна корпата да проверит за декларација. Зш на нејзе си пишит дали се снесени од кокошка или петел ги имат испрдено. Не така?

И џанк казна. И не само казна. А бре од затвор да не излезат шо го сјебвет цел напор на државнициве наши за декомократија и просперитет на НСРСМ. Дури, љубави, мене да ме пршаа јас имам уште пуба финта за овие окорели злосторници и поткопувачи на темелите на државав. Абе клај на секој влез пред секој пазар по еден снајпериста. А виде баба идат со туфе чај, сливи, јајца, цвеќиња и други опасни материи без познато потекло …џанк скинија одма тука. Шо кој онакво ќе ја раниме в затвор 10-тина 15 години, судење мудење жалби. И никако прифаќање извинвење дека ни ја сјебаа државава.

Абре сите специјални единици пред сите пазари во државава. Не да дремат по канцаларии. Ај да имаме некој други проблеми како: рекетарство, убиства не решени, тежок стопански криминал, непотизам, кражби и други небитни вагинални чадој ајде де де. Ама сиве овие срања се сузбијани и инспектори и служби и све друго прчат стап. Ама ете и на овај пазарен, крајно брутален, невиден, овошно-тревен-јајцовиден криминал му дојде крајот. Ееее шо мислеа. Ние Македонија сме или Колумбија ебате беља.

Не знам дал те прашав пак, љубави, ти како ми си? Како? Е зш досадно ти е летово. Кој ти рече бе дек завршија Фчерашни Новости? Кој те лажит бре просто дете голо меше. Ам ти не го гледаши слушаш Мицалета. Како бре кој Мицко? Најревносиот член нас СДС. Абе чоекот е чудо од опозиционер. Виде како му рсна на Рикера? Му се успрај и му прсна: “Јас прам бре политички игри и шо“…не му рече вака? Чек чек ќе се сетам…ахам: “Ние сме Титови, Тито е наш“….не и вака? Аууу дааа “Јас со Зајко , Зајко пред мене“….не а? Абе не лупај. Јас не можам да се сетам иначе тој знајт и шо зборвит и шо прајт. Му вервам.

А искрено да ти кажам на баба најмногу и вервам. Еее шо рече та то се оствари. Се сеќавам уште млада ко беше, во времето ко возеше, мотор испраена без раце рече: Да дајт Господ кој крадит мамит, пиво пиет и во плевни спиет, кој народ дупит, да го фатит пролиф или да затруднит или да ојт странство на операција на хранопроводот, да би пасошот не би му го дале, да би со срцето проблем имал…..ама пак народ да дупит да би.

Рече баба и то би!

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите