Аман те бре со Мицкота. Ми ги потековте….ушиве. Ставот та ставот. Остајте го детето да си играт најарат били, џуздија, котката питка, ко шо го личит на секој лидер на 2-3 стотини илјади гласачи. И ете ви го плесна: постапите по свое убедување. Ве закопа. А и арно шо кажа зш јас верви дека еден месец не бев ојден на какање зш Мицика мене ми е прав насочувач на мојте животни постапки. Да да не одев. Не сакам да трчам како прле пред магаре. Секош се чекат магарето прво.

Замисли да се истотолeв и Мицко да речеше дека неговиот став за тотолење е да се бојкотират какателната активнст? В земја ќе пропаднев. Не дека јас немам свој мозок сам да одлучвам ама друго е кураж да чекаш од него па послушувајчи го и постапвејќи како тој шо ќе речит саглам да се испосерит чоек.

После друго е заебано. Пример да речеше бојкот обавезен на 30-ти и не мрдајте од дома? И ко шо работит Марфи ти се присерит, а немаш г`с папир ќе морат да излезиш да купиш и да е несреќата голема дуќанот да е до гласачкото место. Пази ситуација…… до секое гласачко место од нив по 10-тина сниматели со завршени високи политички науки и меродавни, аку работет во комуналец, те прогласвет за издаица рода свога. Море фала му на Мицко шо кажа дека можам све да прам по сопствено убедување. Се олеснав петокот.

И после е све полесно и ко ќе тргнит на арно тргнато е . Мада не само Мице туку и Меркелица ми олесна ко рече: “Не ви се закануваме, само нема да влезете во ЕУ и НАТО ако не успее референдумот“. Ете. Шо толку галама? Ако не го речеше ова јас и без Мицка ќе се растотолев од страв. Мене ми беше т`нк на душава дан ни се заканвет не за друго. Браво. Демократски. Исто ко во времето кога Јелцин му рече на долниот дом: “Јас не ви наредвам како да гласате ама ако не гласате како јас шо сакам ќе ве распуштам“. Молим лепо. Пример и за западна и за источна демократија. Аферим.

А не само скокај буни се. Читај информирај се. З`ш под дифолт све шо се прајт во НСРМ се прајт за доброто во народот. Еве денојве една работа мене многу ме израдва. Многу се среди во Охрид околу паркингот за возила ослободени од плаќање заради инвалидитет. Прво процентуално, по закон регулиран е бројот на паркинг места означени со инвалидска количка. И доста се. Еве во центаров на Охрид имат околу 9 и пол такви. Кај то полата имат едно дрво дебело мада то е намерно напраено така за да мојт инвалидизираното лице да ја паркират количката и кај сакат нека трчат после.

Се среди и злоупотребата на книшките кој докажвет дека дотичната кола е ослободена и мојт да паркират тука. Ти си имаш книшка, ама та книшка не е до крај меродавна тек така да те ослободет. Та е помината на некој си „глупи“ комисии, како Инвалидска Пензиска Комисија, Комисија за нега од дурги лице па Комисија за доделување на надомест за “мобилност“ и некој други „глупи“ нестручни лица како невролози, ортопеди, психолози…

Иако за да ја добијаш од овие си приложил само 10 кила документи, не е баш валидна з`ш овде имат постручни лица и установи. Ја носиш во семкарница, леблеџилница, вулканизер и да не ги бројам сите шо се под министерство за здравство како подрачна единица при Локална Самоуправа Охрид за да ти даеле портокалова, з`ш ова црвенава не важела.. Плус то, сега не сегде, ама вработени се лица шо се бетер од магнетна резонца и ренген во очине. Ааааа немат кај нив. Те скенират и кажвит дал си или не си инвалид.

И она шо е најбитно, пак според некој закон и да ги поминиш сиве овие работи, при паркирање, аку колата е ослободена, инвалидот морат да бил в кола. Зато отсега купвиш кола и на совозачкото седиште го ваѓаш кајшот и монтираш ланци ко оние за сидро, го швајцуваш инвалидот за да не прајш цел ден клај извај да го малтретираш. А плус мојт да му се здосадит и ако не е швајцован мојт да излезит да здувнит негде или не дај боже да го манит пајдушкото па ќе му ја земат Инвалидската пензија.

Е со ваква поставеност и олку комисии или генерално све шо се прајт за лицата со хендикеп не само во НАТО и ЕУ, ќе се втикачиме и во НАСА.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите