Ќе се средит. Еве денојве ојдоја и го посетија “Мостот на желбите“ стручни лица од повеќе области. Бродоинженерство, министерот за преку океанска пловидба и еден пекар. Предлогот на пекарот е од клучен интерес за трајност на мостот и според него требит досегашната пракса на газните места која се правеше со плазма кекс да се исфрлит. Сето то од причина за поголема трајност на мостето и постабилно одење.
Пекарот кажа дека при посета на Јапонскиот институт во Токио однесол примерок на термална анализа и се заклучило дека плазмата во допир со топло млеко се прајт попара. Од таа причина секоја година мостето морат да се реновират. Неговиот предлог е да се заменит овај материјал со бисквити и то со “Петите беуре“. Ако требит нека се платит десет пати појќе но како што тврдат од јапонскиот институт на петитето ништо не му мојт топло млеко туку морат да е жешко.
Исто така ќе се уредуват и пристаништето за пристап на товарни прекуокеански бродој з`ш главната трговска размена со светот нас ни е преку вода и до Поградец, и до Лин , Мемлишт, далечниот Дрилон и до главниот Уденишт кој е со директна линија поврзан со Амстердам и други светски трговски пристаништа. Досега сите овие операции се вршеа преку реката Вардар но Вардар се кладе под заштита од причина шо се појќе се намножвит една ендемична кафеава видра, видрус-кафеавикус или народски речено „какувка“.
Е сега работите ќе одат малку поспоро з`ш све живо и диво од работници е префрлено на автопатот Охрид – Кичево, поготово на делницата Охрид-Врбјани. Но како шо рече Ацика динамиката многу зависит од временските услови. Ако дуват југ ќе се успорит работата з`ш ќе им е топло на работниците, ќе се потат и можат да испонастинат. Ај еднуш да се десит то не е проблем ќе влезит втора постава, ама ако и та се поболит ептем ќе се закочет работите.
Во секој случај ова делница е со многу голема важност и поважна од колку Врбјани-Кичево. З`ш од Кичево мојш да ојш само Македонски Брод додека на првава делница ќе се уредвет повеќе стратешки точки односно кључки. Забрзано се градит на пристапен пат од Врбјани преку Сливово до Минхен, после Издеглавје, Песочан до Париз, а при крај е најглавниот пристапен пат Песочани, Ново Село до Пекинг од кај шо ќе стигвит целата кинеска роба за цела Европа.
Според зборојте на Николоски интензивно се работит од Подмоље до х.Амбасадор, делница која имат скоро 50 метри. Тука се градит и фекална канализација, шо е важен момент за заштита на Охридско Езеро. Да останит чисто.
Абе све си е во држава чисто, а посебно експресно. Зато патот ќе се викат автоекспресен пат. Доказ за експресноста е и случајот со Ацо Боцевски викан Циган за кого пред 27 години, тогаш 33 годишен, сега 60, беше распишана меѓународна потерница за убиство и казна затвор од 15 години. Чоекот е упасен денојве во Грција. Можда како навијач на АЕК то не се знајт ама ќе се екстрадицират во нашата независна држава.
Со Македонија немат играње. Уште 27 години ако требеше ќе го баравме. Дури ако починеше од природна смрт на 90 години ко ќе го донесеа во сандак ќе го уапсевме и ќе го пикневме в затвор. Како ам.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите