
Бар ко шо кажа овај министеров некој ги искарал Грциве шо не не признавет под уставно име и тие се пострале. И сега не знаеле како да се извает од целата пиздарија. Како ам. Морееее алоооо. НСРМ не е само шо е веле, ами е и сандре, ами е и пере СИЛА. Јас како шо го сфатив Ваце рецепти шо читат и министерот дека ако некој наместо МАКЕДОНИЈА речит БЈРМ или нешто со друга претставка ќе го манит струја ко она шо е во америкине за децана да не се мочет надвор од дворот нивни. Ќе го стресит. И нека ги стресит. Нека ги забиберит. Браво Ваце како му напрај фелацио на министерот. Браво за министерот колку убо му сврши на Вацета. Браво за мене шо се возбудив.
Мада и на некој начин и јас свршив. Од среќа. И то на плештите да не речам на грбот на еден Македонец. Да не речам на македонскиот грб. Да бе. Немој сега да читаш и да прајш филмој дека јадам трици за новиот грб на НСРМ.Нееееее….немам таква намера.
Мада види. Мислам дека е то добар потег и паметен. Зш тој нов грб, или по охридски плештец на напатениот македонски народ, ќе го решит и проблемот со името.Како ам. Мојме комотно наместо НСРМ или РМ да се викаме ПЕЖО и конечно никој да не ни попречвит да чекориме по интегративниот пат накај НАТО и во ЕУ и други асоцијации кај шо ќе бидиме задња рупа на свирало.
И пак сме лидери во регионот. После Белизе, Јужна Осетија, Бурунди, Либиска Џамахирија и други ептем јаки држави сега први од регионов се заимавме со Виетнам. Бар така рекоа нашиот Хорхе и подпретседателката на Виетнам Нгујен Ти Зоа. Најмногу се задруживме со нив за како и други велесили така и ние да вложуваме во Виетнам и ако не дај Боже ги нападнит Кина да ги одбраниме. Ам шо мислиш ти…реков ние сме веле сила.
Ко за прво ќе им напрајме неколку споменици и на секоја раскрница кружни текој за да можат и тие како НСРМ да се вртат во круг. А и друго шо ме бендисвит е то шо кај нив немат ја бав ја тав, се изнервираа заради Јужното Кинеско Море и запалија дваесетина кинески фабрики кои се Кинеска инвестиција во ова земја.
И сега ако се повлечит Кина како главен инвеститор од Виетнам ќе скокниме ние и ќе го спасиме….ќе свршиме работа. Нормално то ќе бидит билатерално така да и Виетнам ќе вложвит кај нас, некош ко ќе имет, така да и ние ќе свршиме работа. Мхм. Плус то мојме и да увезвиме од кај нив ровој, пушки, митралези и други работи кои со години се заштитен знак на Виетнамците.
Пак Села, стружанецон ме просветли. Ја откри Америка и ми кажа дека Турција не се граничела со НСРМ. И покрај то му било глупо во пописните листи шо имало Турци, а Бугарија и Грција ни биле соседи ( замисли – не знаев – браво за шок Села за познавање на географијата ) а немало графи за Грци и Бугари. Како шо е тргнато можда ќе требит да воведиме графа Виетнамци, а полека полека немат да ни требит графа Македонци. Богами.
Е сега само една нејаснотија ми остана ова недела. Многу политичари пак упатија апел дека не се задоволни од процентот на наталитетот во државата. Бил намален од пред 5-6 години. Тие викет дека проблемот не е во економската ситуација во која е државава 100 години. Се сложвам. Проблемот ќе да е во јаловост зш кој стигна и како стигна го дупит овај народ а никако не се размножвиме.
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.









