Мајка се искина. Битиса од нервоза. Р`жеше ко пес в кафез з`ш нејните другачки, пензинерки хрватици биле на концерт на Лепа Брена и палардисвеле по оградите се качвеле и коси корнеле. Не можев никако да ја смирам. Море се издепилира, бразилиан ваксинг напрај, та веѓи затегна, мустаци избричи, а јас не ја пуштив.

Малку се насекира шо неколку другари завршиле на брза помош ама пак не ѝ згасна љутината. Јас, викат, да не одам таму? Та прслуци да не извам да и ги фрлам на Брена, арам да ти е. То другарите нејзини пред да колабирет и да се наденет по оградите, гашчи слеквеле, в нос на Фахрета ѝ ги фрлале а та носот закопан во нив, та мисирај однапред та одназад…лом било. И ме опомена. За ова можда ќе простела, ама ми рече обавезно за нова година да ја пуштем со пријателите Демир Хисар. Лудница ќе било.

И ќе ја пуштам. Не штедам. Нек си поминит убо жената. Ко мојше државава да го ослободит Мијалкова, да му ја поништит казната, заради то да си бидит со другарките со мама во Демир Хисар, е з`ш јас на мајка да не ја праатам. Ај шо го ослободија туку сега и пари мојт да му должиме. Мада ќе се префатиме со дел шо му дадовме за К-15, платени викенди, два оброци и фризер , ама как да е ќе имаме за давање.

Мојт и ова да е причина предвремнеион да барат избори. З`ш како тргна Мицале мојт да побарат предвремени за да ме менит од син на мајка з`ш не ја пуштив на Брена. Само си пратит тој и барат предвремени. Јас не знам како не му е страв и на Тачета ко изјави дека премостени се главните проблеми за завршвење на патот Кичево – Охрид. Мојт и за то да побарат предвремени. И за то шо не се градит и за то шо се се градит. Абе да се барат.

Еве сега на ред му е Данела. Едно време му беше мајка на градот сега не ја рачунат ни за присестра. Тој не е крив шо ја поддржа Данела туку СДСМ шо со сила го натера да вервит во неа. Јас да сум ко предвременион ќе барам и предвремени за да го мениме и Славчето метеорологон. Ам ај а да му се прднам. Од неделата ждригат дека ќе имат снег, а вторник сме и абер немат. Море предвремени и за Господ ако требит, само Мице и другарите да дојдат на власт.

Тук види вака. За Тачета ако тој не побарат јас ќе побарам. Со еден збор ги реши препреките за светскиот автопат и ги шина сите научници со си нив и Итар Пејо. Основните причини до сега шо беа, беа ветрот и маглата. Поточно стерео проблемот. Ветрот во магла. И Таче дувна…..ги снема. Ко ќе р`снат сега работнициве изгреј сонце, бам километар, изгреј сонце две траки, три, браници…..Абре само ради то требит да го напрает патот. Да немат предвремени. Не оти е некоја причина шо изгинаа луѓе ко комарци на лустер туку изборите, власт да се имат е најголемата причина шо требит да прајме или да не прајме.

Пред предвремено да ја завршам колумнава морам да ѝ се заблагодарам на Британската амбасада. На чело со Метју Лосон ќе се засадвет 13 000 садници на автохтони видови. Мада ваква помош не ни е потребна. Ние како свесен народ загрижен за својата иднина, секои четири години, засадвиме по 120 дрва во и околу парламентон. Без да не терат некој. Самоиницијативно.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.