
Реков. Добар потег. Арно ама се сеќавам дека пред година две во угостителските училишта се намалија часојте по англиски јазик за келнерите. Кој Стојко нив им е потребен англиски. Како компензација ги зголемија часојте по ликовно зш со тек на време на секоја маса во рестораниве во Охрид ќе имат блок број 4 и кој странец како ќе седнит така ќе си нацртат шо сакат да јајт и пијат. Муабет јок. Уф ми текна пред години. Седнаја странци до масата моја и му рекоа на келнерот: “Do you have beer?“ Дотичниот ( му го знам името, ама…) : “Оооооо како да не. Галичица е полна со мечки“.
И ако Галичица е полна со мечки ЕВН е полна со разбирање према оние шо им собират арач. Алал да им е шо ептен, препоептемнајмногу не разбирет како арачодавачи па решија за две сметки да не не` исклучвет. Толку сум среќен шо да ми се родит ќерка ќе ја крстам ЕВНДОМИРКА. Ко ти викам. Зш види. Во НСРМ тие шо не плаќет струја не плаќет зш се куропецет.
А имет базени кој ги греет да может голи да се капет и на полнош, тушот 24 сати им работит ко ќе им прднит да се мрцнат во топла вода, дома ако им заладит како Талија сега шо не подсмрзна ја уклучвет и климата 7 и полка ама и ринглите 4 како и релната на 250. Браво ЕВН. Одма споменик до мадено од Букефал и уба приказна да се напрајт и ете ти ЕВН турист бизнис.
Опс. Извини. Ждригнав. Пред да ја пишам колимнава ојдов на доручек со Коцета. Убајна. Дојде Коце свечено со гел напраен седнавме и си каснавме. Имаше суви пиперки со праз, имаше пршки на масло, имаше……абе шо е битно шојмаше. Битно беше дружењето. Битно беше дека ја видовме на дело сиромаштијата на НСРМ. Битно беше дека и Талија не го спречи доручек на сиромашните НСРМ – овци. А имаше многу. На доручек. А кој би одел на такво невреме ако не му е нож до коска. А?
А изгледа и на Зајко му дојде нож до коска. Прочитав негде дека Заев му се додворуват на Банета со враќање на старите кадри во СДСМ. Малку нејасно е ова. Ако му се додворуваш на некого, значит закаш да се фатиш со него. И сега шојмат врска кадрите со љубовта.
Ако сакат Зокица да се фатит со Бранкица, го земаш бе за рака шеташ по кејот покрај Вардар, го носиш на тулумби ( симболично) и го залапвиш. Кој шо мој потреба пак да го враќаш Макрадули за да се фатиш со Баненце. Не ќе ти е кума. Па купиму бретели, подвезици , градници со фишбајни, ионака Бане е по сексот….бар така му рече на еден митинг на еден шо……абе едноставно се работит за љубов. Највероватно Заев ја сакат на Бранко. До коска.
И јас до коска сакам телевизија. Ама вести не. Единствено ако ми се смејт, ак сакам да се распичам од смеење гледам вести. Санќим “Луд, збуњен, (не) нормалан“. Така и пуштив. Ко то во телевизорот еден до СДСМ викат дека немало деца во школите, шо би се рекло дека сексот помеѓу НСРМ-овките и НСРМ-овците е намален и следствено на то намален е наталитет, следствено на то и немад деца во клупите. Тој рече дека за то се криви ВМРО-овците. Јас би рекол дека не така. Криви се сите шо беа на власт од осамостојување до денес. Додуша да признам и да им објаснам на ти е шо не им е јасно. Јес да не дупеше кој стигна ама во погрешно место не акаа. Во здрав мозок. А дупење во здрав мозок не придонесвит за зголемување на наталитетот. Ко ти викам.
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.









