– Резултатите од првото спроведено запрашување беа позитивни, со оглед на тоа што се посвети особено внимание на локациите каде комарците се размножуваат, како што е Студенчишкото блато каде се употреби специјално средство за уништување ларви од комарци, односно се изврши ларвицидна дезинсекција. Наредната недела ќе следи уште едно земјено прскање, а третото е предвидено во месец август, изјави директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов.
Уништувањето на комарците ќе се врши и авионски. Охрид е еден од приоритетните градови во кои, како што беше најавено од страна на министерството за транспорт и врски, во првата половина од јули, ќе се прска против комарци . При тоа, ќе се врши прскање против возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) и терестрична апликација на средство за уништување на ларви од комарци на стоечки водени површини (ларвицидна дезинсекција).