Комбе се преврти попладнево спуштајќи се од Горна порта кон маркетот „Десарет“. Во незгодата нема повредени, освен предизвиканата материјална штета. Како што информираат од СВР Охрид, возачот што го управувал комбето изгубил контрола врз возилото на делот од коловозот на кој неодамна беше поставен нов асфалт. Увид на местото на незгодата изврши сообраќајната полиција, по што превртеното комбе ќе биде подигнато со шлеп служба.


Комбе се преврти кај Горна порта


фото: Александар Булески