
На оваа манифестација пред охридската публика, со кратки комични сценски изведби ќе се претстават учениците од гимназијата „Св.Климент Охридски“ и Економското училиште.
Поединечните и групни изведби на учесниците ќе имаат и натпреварувачки карактер, а за најдобриот комичен настап ќе одлучи жири комисијата во состав: Никола Тодороски, актер, Стрезо Стаматоски,актер и Стојан Буџакоски,професор по македонски јазик и литература.
Комедијадата ќе биде зачинета со жива свирка на бендот „Hippie jam“ кој го сочинуваат ученици од гимназијата „ Св. Климент Охридски“. Овој натпревар во комедија е дел проекната активност Драма, а во организација на професорите: Светлана Огненова, Светлана Голабоска, Стефан Каневче и Ирена Бачиќ.












