Според режисерот Андреј Цветановски, оваа претстава може да се нарече селска ѓурултија и изобилува со интересни елементи на ѕенѕање, тропање и скокање, кои на публиката ќе и пружат интересна забава.
– Претставата има многу комични елементи, со многу стари народни песни познати на пошироката публика, кои се изведуваат во живо. Тоа се творби на народот, за народот, усно творештво што се пренесува со генерации. Но тоа творештво е подложно на промени и модификации како и секое усно творештво. Прашањето е каква е таа модификација?, вели режисерот Цветановски.
Претставата на почетокот на декември 2011 година, беше одиграна во Вевчани, во Кичево и во Македонски Брод.
Реализацијата на претставата „Ајде да си речиме уште една“ е поддржана од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. После трите изведби во региониот, претставата ќе биде дел од редовниот репертоар на Охридскиот театар.
Во претставата играат
Ристо Букваро-Горан Стојаноски
Митра Бајачката-Јасмина Билаловиќ
Коле Аџамија-Никола Тодороски
Коце Берберот- Стрезо Стаматовски
Трена-Адријана Билаловиќ
Гоце Делчев-Ивица Цонев
Каранфила меанџиката-Билјана Билаловиќ и
Осман бег-Игор Георгиев.
Костимите се на Кристина Мукоска-Затуроска, светло Зоран Левески, тон Филип Ангеличин Жура.