На 7 и 8 април, во охридскиот Народен театар повторно ќе биде изведена претставата, „Аналфабет“,  работена според Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Претставата се занимава со луѓето кои црпат голема моќ од функциите на кои се поставени во општеството и ги злоупотребуваат привилегиите за лични интереси, без оглед на последиците кои ги предизвикуваат.

Во улогата на Максим Благадуша е Горан Стојаноски, Никола Тодороски го глуми ликот на Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски е Румен Вујаклија и Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Во претставата се користат пиротехнички средства и претставата не е препорачлива за возраст под 14 години.

OhridNews