Д-р Владо Стефаноски (1958 – 2011) беше член на неколку работни тела и посветено ги извршуваше обврските во Собранието на Република Македонија. Во 2009 година Владо Стефаноски беше најактивниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ со поднесени 166 амандмани.
Поради комеморацијата за утре е одложена седницата на која ќе се расправа за Изборниот законик, изборот на претседател на ДИК и формирање на повремена комисија за утврдување на состојбата со избирачките списоци.