Медиумската фела денеска се обедини, за жал, на комеморативна седница, поради трагичниот настан што се случи синоќа во кој загинаа Влатко Пантоски и Наумче Аврамоски, дел од медиумската куќа ” Супер Радио”.

” Луѓето мислат дека во медиумите ги има новинарите. Но на новинарите им требаат сниматели, монтажери, техничари, музичари, токму оние кои што покрај нас новинарите што се занимаваме со дневните политики, знаат на луѓето да им одберат нешто што ќе им се залепи за увото”, кажа Симон Илиевски, кој  денеска повика на едноминутен молк во знак на оддавање почит кон загинатите колеги.

” За Ди џеј Пантер и Ди џеј Бруце можам деноноќно да ви кажувам. Единствени бевме, по цел ден заедно, постојано позитивни, ведри и расположени. Само што ќе ги видев веднаш добивав сила и енергија. Можеме само да ги паметиме по добри дела,  како вредни работници и добри луѓе”, рече на комеморативната седница, во длабока тага и шок, Жанко Голабоски, нивниот близок колега од “Супер радио”.

” Чувствуваме голема болка и тага поради загубата не само на  два млади животи, туку и на  двајца луѓе во вистинската смисла на зборот. Креативци во својата професија кои ќе бидат запаметени по она што го работеа, по 10-те години на Ди џеј Пантер во медиумскиот простор и неговите емисии во петок навечер, по неговите журки во најдобрите ноќни кубови, извонредниот ведар лик на Ди џеј Бруце, неговите авторски емисии и неговите журки” рече колегата Горан Момироски, кој дел од новинарскиот стаж го помина во “Супер радио”, токму со луѓето кои остануваат вечно запаметени.

На комеморативната седница што се одржа во Општина Охрид во 13 часот присуствуваше и охридскиот градоначаник Александар Петрески.

Влатко Пантовски -ди-џеј Пантер и Наум Аврамоски-ди-џеј Бруце, загинаа во тешката сообраќајна несреќа, што синоќа се случи кај Буково. Двајцата долги години беа дел од тимот на Супер радио.

DJ PANTER – So Super Radio беше u{te od samite poчetoci od 1993-ta godina. Bil Resident DJ vo skoro site povlijatelni ohridski kafe barovi i klubovi. Na Super Radio od 1996 godina секој петок од 20-22ч. одеше познатиот ди-џеј сет  FRESH JAMS.

DJ BRUCE беше so Super Radio od 2003 godina.  Познат беше по одличната  Hip-Hop i R`N`B muzika што секој понеделник ја пушташе во negovata emisija “Street Sound”

А. Ристоска