Проблемот околу чистењето на плажите не ја одмина ниту оваа сезона

Навистина е грда сликата на плажите, а симптоматично е што се повеќе се среќава оставен неразградувачки отпад, ПЕТ шишиња и слично и на плажите каде возилата немаат пристап. А на тие плажи главно со кајчиња доаѓаат самите охриѓани. Потребно е да сфатат дека кога пак ќе дојдат тука ѓубрето ќе ги чека. Нека не се надеваат на висок водостој на Езерото. Ако може странците да си го носат назад ѓубрето пеш до првата корпа, можат и локалните капачи да го стават во една ќеса и да го вратат со кајчето до најблискиот контејнер или корпа.

Симптоматично е и тоа дека во Охрид нема систем за рециклирање на ПЕТ амбалажа, па поради тоа и никој не ја собира. Можеби треба да се размислува за воведување на надомест за рециклирање на ПЕТ амбалажата во цената на производите, сличен модел како во Хрватска.

Мите Панев
*Вашите забелешки, коментари и реакции испраќајте ги на адреса: [email protected]. Неделниот избор на коментари ќе биде објавуван во понеделник