„Комерцијална банка“ е добитник на наградата „Кристално ѕвоно“ што трета година по ред ја доделува Македонската берза на годишната конференција што традиционално се одржува во Охрид.
Наградата на Комерцијална банка и се доделува за квалитетот на комуникацијата со Берзата и објавите преку СЕИ-Нет, годишниот извештај на друштвото, информациите објавени на интернет страницата на компанијата и односи со медиумите.











