Комесарот на натпревари при ФФМ , Дојчиноски Васко на состанок со претседателите на второлигашките клубови ќе го усогласува терминот за одигрување на натпреварите од 2 МФЛ.


Состанокот ќе се одржи во просториите на ФФМ во петок. Македонската Втора лига по мечот од втората рунда, поради настапите на аматерската репрезентација ќе има пауза од скоро цел месец.

Охрид 2004 во втората рунда гостува во Кавадарци, додека во наредното трето коло планирано за 15 септември на домашен терен ја пречекува Руфеја.

ohridnews