Исто така, Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача со почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 година, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи, сooпшти Министерството за здравство.

Поради зголемениот број на новозаразени од коронавирусот, почетокот на второто полугодие беше поместен за 1 февруари.

На состанокот на Комисијата за заразни болести на кој беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД–19 во земјава, присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали.

Согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид центрите, како што се посочува, во моментот се хоспитализирани вкупно 573 лица, од кои 180 во Скопје и 393 лица на инфективни одделенија во државата.

OhridNews