Повеќечлена комисија на УНЕСКО денеска започна со увид на културно – историските локалитети и природното наследство поради кои Охрид пред повеќе од три децении е ставен на листата на заштитени добра на светската организација формирана од ОН.
Утрово претставниците на УНЕСКО зад затворени врати имаа средба со директорката на Заводот и Музеј Охрид Тања Паскали Бунташеска. Заедно со неа тие потоа се упатија кон Плаошник каде во тек се градежни работи за возобновување на Светиклиментовиот универзитет, проек за кој и помеѓу стручната јавност, но и граѓаните има различни мислења.
И покрај обидите медиумите немаа можност да ги чујат мислењата на експертите на УНЕСКО за целта на посетата, а од изјави се воздржаа и претставниците на надлежните институции.
Според најавите увидот на комисијата на УНЕСКО на заштитеното културно и природно богатство ќе продолжи и утре, за кога е предвидена и средба со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
OhridNews