Неодамнешниот договорот меѓу лидерите на двете најголеми политички партии од земјава постигнат по средбата со претседателот Ѓорге Иванов, еврокомесарот за проширување Штефан Фуле и европратениците Ричард Ховит и Јержи Бузек, предвидува експертска комисија која ќе ги истражува инцидентите од 24-ти декември минатата година.

Според договореното, последниот рок за формирање на ова тело е 15-ти април, кога треба да биде објавен и пролетниот извештај од Европската комисија.

Како што пренесува „Нова“, комисијата треба да ја заврши својата работка  не подоцна од средината на септември. Комисијата предвидува по два членови предложени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и еден по предлог на претседателот Иванов.

Овој медиум открива како ќе се одвива изборот на експертите:  Секоја од партиите поднесува листа со пет независни експерти; во изборот влегуваат имињата на експертите кои ќе се најдат на двата списока; доколку нема такви, претседателот Иванов врз база на предлозите ќе го прави изборот во консултација со двете политички партии, како и со помош на кабинетот на еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе; дополнително двајца мнеѓународни експерти ќе бида предложени од ЕК, а нивната улога ќе биде советодавна и набљудувачка.

OhridNews