Во рамки на подготовките за 41 седница на советот што ќе се одржи наредната недела, денеска седница ќе одржи Комисијата за јавни и комунални дејности на која ќе се разгледуваат предлог одлуките за усвојување на извештајот од работењето на ЈП„Нискоградба-Охрид“ Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2011 година, за усвојување на  Извештајот за работа на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид за  периодот од 01.01. до 30.09.2011 година, усвојување на оперативната програма  за организирање  и функционирање  на зимската служба  на  подрачјето на  град Охрид приградските и селските населби за 2011 и 2012 година и предлог одлуката за утврдување нацрт фискална стратегија и  развојни програми  на  општина Охрид за 2012 година.

Комисиската расправа продолжува во понеделник кога Комисијата за заштита на животната средина  ќе расправа по предлог одлуките за утврдување на неколкуте  нацрт урбанистички планови како и за Предлог одлуката за утврдување нацрт фискална стратегија и  развојни програми  на  општина Охрид за 2012 година.

Истиот ден езакажана седница и на Комисијата за туризам и локален економски развој на која ќе се расправа по Предлог Одлуката за утврдување нацрт фискална стратегија и  развојни програми  на  општина Охрид за 2012 година, како и на Комисијата за финансии и буџет. Комисиска расправа ќе има и во вторник.

OhridNews