Навивачката група “Комити“ на градскиот плоштад во тепачка повредија дете на возраст од 11 години. Тепачката се случила меѓу навивачка група, која што се враќала од стадионот Филип Втори  и минувачите на плоштадот Македонија, во близината на лизгалиштето.

Децата од страна на навивачите биле нападнати со камени коцки, кои и во моментов се на лизгалиштето на плоштадот, каде се одвивала пресметката. По инцидентот лизгалиштето е затворено за употреба.

Навивачите својот бес поради поразот на Вардар во градското дерби од Работнички (1-0) го истуриле врз насобраните деца. Случајот е пријавен во полиција, а против учесниците во инцидентот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Ohridnews