
-Ефикасна заштита нема, секој треба да си внимава какви податоци оставаме, и какви плаќања вршиме, некој може да ги злоупотреби, а ќе најдете на некоја од страниците дека се продаваат и броеви од кредитни картички, изјави доц. Светлана Николовска, од Факултетот за безбедност во Скопје.
Според доц. Николовска кај нас не се зборува многу и за моралната безбедност, посочувајќи дека јавноста малку е свесна на опасностите од злоупотреба на личните податоци кои ги оставаме на социјалните мрежи.
-Млади деца ставаат фотографии на Фејсбук, но не знаат дека тие фотографии од некого може да бидат симнати обработени во фотошоп и употребени за порнографски материјал. Треба повеќе да се зборува за тоа, а и преку медиумите да се организираат дебати и да им се укаже на опасноста на граѓаните, кои не се свесни за тоа и мислат дека такви работи му се случуваат на некој друг, додава Николовска.
Професорката Николовска предупредува дека се поголем е бројот на лица, најчесто омлади, кои сакајќи брзо да стекнат богатство влегуваат во водите на комјутерскиот криминал, поради што е потребно и државата да ги надгради своите одбрамбени капацитети, а специлајизираните служби постојано да ги следат светските практики за борба против сајбер криминалците.











