Еден од четирите англиски преставници во Лигата на Шампиони, Манчестер Сити е пред елиминација откако пред своите гледачи на првиот 1/8 натпревар претрпе пораз 2-0 од Барселона.
– Резултатот со кој изгубивме е многу тежок за нас. Пред црвениот картон бевме во игра, но по исклучувањето на Де Микелис нивниот квалитет излезе на виделина и неможевме да се носиме. Иако имаме голема негатива јас се уште верувам во пласман во најдобрите осум во Европа – рече капитенот на „граѓаните“, Винсент Компани.
Реванш натпревар од 1/8 финалето на Ноу Камп се игра на 12 март.
Мх.П.