Со свеченост на која присуствуваа голем број пријатели и деловни партнери, вчера во Охрид беше отворена новата туристичка агенција „Компас Tравел“, која се наоѓа во зградата на „Ремис“ на ул. „Партизанска.



„Компас Травел“ ја предводат професионалци, туристички менаџери и водичи  кои работат подолго време во туризмот. Основна дејност на агенцијата која има А лиценца за работа, е инкаминг туризам. „Компас травел“ веќе има склучено поголем број договори со странски тур-оператори, а првите групи туристи ги очекува кон средината на овој месец. Најголем дел од нив се гости од Словенија, Хрватска, Србија, Турција, Полска, Холандија, како и од други земји.

Агенцијата нуди и голем број туристички аранжмани, патувања, авиобилети, екскурзии, и рент а кар услуги. Хит понуди за ова лето од „Компас Tравел“ се Грција, Црна Гора, Турција, Албанија и Хрватска, а во тек се подготовки за аранжмански патувања низ Европа и целиот свет, како и матурски и шопинг тури, вели Горан Филипоски, сопственик и генерален менаџер на „Компас травел“.
OhridNews