Заедничката соработка помеѓу Црвен крст Охрид и Алфа банка во делот на социјално-хуманитарната сфера, која започна минатата година со делење на прехрамбени хуманитарни пакети на социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца, продолжи и оваа година.  Вработените во Алфа банка и активистите на Црвен крст Охрид подарија компјутери на три семејства во руралните средини на општина Охрид, чии деца покажуваат видни резултати во учењето, а немаат и не се воможност да набават компјутер.


Во рамки на хуманитарните активносто, деновиве Црвен крст Охрид во соработка со Одделот за Геријатрија при Општата болница Охрид  реализираа еднодневна прошетка-излет во Билјанини извори, со старите лица од ова одделение.


Волонтерите од Црвен крст на прошетка со старите лица од Геријатрија

OhridNews