За многумина септември е идеалниот месец за минување на својот годишен одмор.

Групи туристи  деновиве постојано можат да се забележат низ стариот дел од градот, а неизоставен дел од нивниот престој е и посетата на комплексот Свети Наум каде пристигнуваат со бродовите кои секојдневно возат до оваа позната дестинација.


Се разгледува манастирскиот комплекс, изворите, а посетата завршува со кафе или ручек во еден од рестораните, во прекрасен амбиент и природа која го плени секого.

OhridNews
фото: Васко Бујароски