Изградбата на туристичкиот ресорт „Сахара Македонија“ во Љубаништа се очекува да започне во март идната година. Ова било истакнато на работниот состанок на тимот од компанијата „Сахара Индија Паривар“ предводен од претседателот Субрата Рој со владина делегација предводена од вицепремиерот Зоран Ставрески, на која присуствува и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.


До овој момент компанијата на Субрата Рој во Македонија инвестирала 10 милиони евра за купување на земјиште, хотелот „Славија Спектар“ во Охрид и изготвување на урбанистички планови и друга техничка документација потребна за реализација на најавените капитални проекти.


Еден од приоритетите на Субрата Рој е инвестицијата во акрокомбинатот „Џумајлија“, каде планира да донесе 20.000 крави за производство на висококвалитетни млечни производи кои ќе бидат наменети за извоз во Јужна Африка и средниот исток.


Капиталот на компанијата „Сахара Индија Паривар“ тежи 22 милијарди евра проценува Субрата Рој, кој најави дека инвестициите во Македонија ќе достигнат една милијарда евра.

OhridNews