Комплетиран предметот за бродската несреќа од 5-ти септември
06.10.09 00:07
Истражниот судија, Весна Кичеец, го комплетираше предметот за броддската несреќа од 5-ти септември. Тој содржи изјави од очевидци и преживеаните патници, сегменти од бродската книга, фотографии, видео материјали и записници од бродскиот регистар и техничкиот преглед на бродот „Илинден“. За време на истрагата биле сослушани и двајцата капетани и сопственикот на бродот „Александрија“ и заповедникот на бродот „Кристина“ кои први стигнаа на местото на несреќата, а изјави пред истражниот судија дадоа и сегашниот и поранешниот капетан на Капетанијата, Настоски и Клечкароски, како и овластениот претставник на германската осигурителна компанија „Лојд“, Бранко Баиќ.
Комплетната техничка документација им е испратена на вештаците од Машинскиот факултет во Скопје. Истражниот судија очекува по нејзиното разгледување вештите лица да пристигнат во Охрид и да започнат со вештачење на бродот „Илинден“кое треба да ги открие причините за несреќата што се случи на 5-ти септември. После вештачењето целиот предмет ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство во Охрид кое треба да одлучи дали обвинителниот акт ќе биде проширен и на други лица.
Засега единствено за несреќата во која загинаа 15 бугарски туристи се товари капетанот на бродот, 23-годишниот Сотир Филески против кого МВР поднесе кривична пријава за тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Кривичниот совет при Основниот суд во Охрид вчера го продолжи притворот на Филевски, за уште 30 дена.
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади преку електронска пошта ...
Нов предлог – визуелен идентитет за НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид презентираше пред вработените типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски Џуровски инспириран од ликот и делото на Прли...
Театарската претстава за деца Пинокио овој петок ќе биде изведена во ООУ „Живко Чинго” во Велгошти во рамки на програмата на Општина Охрид „Културата расте со децата“ Претставата во режија на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.