На ново назначениот тренер Зоран Ѓоревски – Џајо, ќе му помагаат Валентин Целески како прв помошник и Миле Цветкоски како тренер на голманите. Досегашниот прв помошник Милчо Ристески ќе биде нов секретар на клубот. Со младинските категории ќе работи Борче Џајкоски.Охрид 2004 и уште девет други клубови беа казнети од страна на дисциплинската комисија при ФФМ со по 1000 евра во денарска противвредност како и забрана за извршување на трансфер активности.
Казната се должи на неизвршување на Одлуки донесени од страна на Дисциплинската комисија на ФФМ.
Според оваа одлука клубовите нема да можат да прават трансфери во клубот ниту надвор од него во домашниот шампионат, ниту интернациолани трансфери бидејќи не извршиле некои претходни одлуки на дисциплинскиот комитет на ФФМ.











