Комплетирана е документацијата за екстрадиција на првообинетите за петркатното убиство кај Смилковоското Езеро, Алил Демири и Африм Ислаимовиќ, откако вчера е добиен последниот документ од Интерпол, со кој се потврдува меѓународната потерница по овие лица.
Во моментов, се чека уште Министерот за правда да го потпише барањето за екстрадиција од судот во Приштина.
Претходно, првообвинетите за масакарот кај Смилковското Езеро, беа изведени пред истражниот судија во Косово, кој им го продолжи екстрадициски притвор за 30 дена.
Инаку, во Кривичниот суд во Скопје, паралелно тече судскиот процес за случајот „Монструм“. Првобвинетите беа уапсени на 3-ти март, во операцијата на специјалните тимови на косовската полиција, во населбата Sunny Hill во Приштина.
OhridNews