Со победи на Вардар, Металург и Еурофарм Работник над Охрид, Пролет односно Пелистер започнаа натпреварите во плејофот во македонската Супер лига.

Скопските „црвено црни“ без поголеми проблеми славеа во Охрид (27-14), а слична разврска имаше и мечот помеѓу Металург и Пролет кој заврши (35-26), додека „фармацевтите“ со 22-15 го совладаа постариот брат од Битола, Пелистер.

„Зелено белите“ после поразот во дербито останаа без тренер, откако Борче Маркоски си поднесе оставка. Битолчани ќе мора брзо да најдат решение, бидејќи во специфичен момент останаа без предводник.

Резултати: Еурофарм Работник – Пелистер 22-15, Охрид – Вардар 14-27, Металург – Пролет 35-26.

Табела: Вардар 3, Металург 3, Еурофарм Работник 3, Пелистер 0, Пролет 0, Охрид 0.

Двојки 2.коло: Вардар – Еурофарм Работник, Металург – Охрид, Пролет – Пелистер.

OhridNews