Селекцијата на Перу со минимални 1-0 ја совлада репрезентација на Венецуела во последниот натпревар од втората рунда во групната фаза на Копа Америка.
Стрелец на победничкиот погодок за перуанците беше фудбалерот на Баерн Минхен, Клаудио Пизаро во 72-та минута.
Табели :
Група А : Чиле 4, Боливија 4, Мексико 2, Еквадор 0.
Следно коло : Мексико – Еквадро, Чиле – Боливија
Група Б : Аргентина 4, Парагвај 4, Уругвај 3, Јамајка 0.
Следно коло : Аргентина – Јамајка, Уругвај – Парагвај
Група Ц : Бразил 3, Перу 3, Венецуела 3, Колумбија 3.
Следно коло : Колумбија – Перу, Бразил – Венецуела.
Мх.П.











