Лидерот на табелата во македонската кошаркарска, Работнички без поголеми проблеми го совлада Гостивар (71-57) и ја заокружи втората рунда во суперлигашката конкуренција.
Избраниците на Марин Докузовски со триумфот ја одбранија домашната чест, откако во двата преостанати натпревари славеа гостите. АВ Охрид со 79-66 го преслуша Куманово, додека МЗТ Скопје го доби дербито на колото со Блокотехна 75-66.
Охриѓани стигнаа до првата победа во Супер лигата, „штрковите“ се изедначија со Блокотехна, а Работнички продолжи со победничката серија.
Во Супер и плеј аут лигата следува недела дена пауза, а мечевите продолжуваат во среда на 11 април.
Резултати:
Супер лига: Блокотехна – МЗТ Скопје 66-75, Куманово – АВ Охрид 66-79, Работнички – Гостивар 71-57.
Табела: Работнички 48, Блокотехна 42, МЗТ Скопје 42, Куманово 39, Гостивар 38, АВ Охрид 35
OhridNews
Видео: Тројката на Ахметбашиќ која ги отпиша кумановчани
Супер лига: Победнички лет на „галебите“ во Куманово (видео)