Со последните натпревари по групи заврши втората фаза од Европскиот кошаркарски собир во Словенија, а од в среда 18 септември почнуваат елиминациските натпревари по кои ќе се дознае континенталниот првак.

Првото место во групата Е им припадна на хрватите кои освоија девет бодови. Останати патници во осумте најдобри од оваа група се Италија, актуелниот првак Шпанија и домаќинот Словенија.

Во втората група каде требаше и сите очекувавме да биде нашата земја лидерската позиција ја зезеде Србија додека исто бодови но послаб меѓусебен дуел имаат литванците и се наоѓаат на второто место.

Франција предводена од НБА кошаркарот Тони Паркер и Украина им прават друштво на нашите противници во 1/4 финалето.

Мх.П.