Драматични и неизвесни натпревари ја одбележаа изминатата вечер на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“ во Волино на кој се комплетираа патниците во четвртфиналето. Битката за трофејот ја продолжуваат: Аце Најдески, Инекс Олгица, Сатеска и Кафе бар Лавадо.
Резултати 1/8 финале, сабота, 23.08.2025
Аце Најдески – Том Гор 1:0
Инекс Олгица – Гостилница Кај Мече 5:4
Сатеска – Бел Мерцедес 4:3
Кафе бар Лавадо – Дооел Ноче 2:1
Првите четвртфинални натпревари на програмата се вечерва, а преостанатите се играат во понеделник.
Распоред на натпревари 1/4 финале недела, 24.08.2025
Хотел Тино – Инекс Олгица
Сатеска – Кафе бар Лавадо
Распоред на натпревари 1/4 финале понеделник, 25.08.2025
Чардак Велгошти – Аце Најдески
Брумел – Екстра Скопско
Полуфиналињата се играат на 26 август, вторник, а финалето на 28 август, четврток.
Г.М.