Скопските Работнички и МЗТ, Куманово и дебитантот Блокотехна се екипите кои обезбедија пласман во 1/2 финалето во Купот на Македонија.
Во четвртфиналните средби Работнички славеше над Карпош Соколи (103-49), МЗТ Скопје подобар беше од Фени Индустри (115-68), Куманово излезе поуспешен во дербито со Гостивар (85-65), додека Блокотехна полуфинален билет чекираше со триумф (110-88) над АВ Охрид.
Во полуфиналните пресметки кои се денеска на програмата силите ќе ги одмерат Работнички – Куманово односно МЗТ Скопје – Блокотехна, а претходно ќе се судрат Бадел – Струга и Вардар – Пелистер во женска конкуренција.
OhridNews