Екипите на Мистер И и АСП Пак им се приклучија Кадмо и Бел Мерцедес во полуфиналето од меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2016“.


Мистер И поизведувањето на пеналите го совлада тимот на ПН Метал 5-4 откако регуларниот дел и продолжението заврши без победник 3-3. 

Бранителот на трофејот на меморијалот, АСП Пак со 7-2 го совлада составот на Голден Бич и обезбеди пласман во полуфиналето.

Таму во понеделник ќе се сретнат Бел Мерцедес – АСП Пак односно Кадмо и Мистер И.

1/2 финале: Бел Мерцедес – АСП Пaк, Кaдмo – Мистер И (22ч).

OhridNews