Екипите на Карпош Соколи, Фени Индустри, Работнички и МЗТ Скопје се полуфиналисти во Купот на Македонија кој се одржува викендов во Кавадарци.


Карпош Соколи во најавата на Купот на Македонија го совлада составот на Вардар со 92-84. Фени Индустри, пак, лесно славеше против дебитантот во ова натпреварување АВ Охрид со 112-69.


Во дербито од четвртфиналните натпревари Работнички беше подобар од Куманово со тесни 87-81, а бранителот на трофејот МЗТ Скопје го прескокна Кожув совладувајќи го со 83-72.


Во полуфиналните пресметки ќе се сретнат Карпош Соколи – Работнички односно МЗТ Скопје – Фени Индустри.

OhridNews