Со одигрувањето на бараж финалињата од четирите групи во УЕФА Лигата на нации се комплетираа селекциите кои ќе учествуваат на Европското првенство, што ќе се одржи следната 2021 година.

Помеѓу четирите среќни репрезентации беше и македонската селекција која со минимален триумф (1-0) во Тбилиси против Грузија направи „чек ин“ на континенталниот собир. Покрај нашите „црвено жолти“ херои по патот во УЕФА Лигата на нации пласман на ЕП обезбедија Шкотска, Унгарија и Словачка.

Европското првенство следната 2021 година прв пат ќе се одржи во 11 земји, во период од 11 јуни до 11 јули.

  • Групите:

Група А: Турција, Италија, Велс, Швајцарија

Група Б: Данска, Финска, Белгија, Русија

Група Ц: Холандија, Австрија, Украина, Македонија

Група Д: Англија, Хрватска, Шкотска и Чешка

Група Е: Шпанија, Шведска, Полска, Словачка

Група Ф: Унгарија, Португалија, Германија, Франција

OhridNews